Тура со субвенционирани велосипеди

0
2731

Тргнаа од Новаци, поминаа низ Агларци и Добромири, пак се вратија во Новаци. Ги предводеше градоначалникот на општината Лазар Котевски. За прв пат во општина Новаци се одржа велоспиедската тура . Голем број на жители се вклучија во акцијата, а градоначалникот потенцираше дека масовноста се должи на субвенциите што таа локална самоуправа ги овозможува за купен велосипед.

-Општина Новаци е една од првите општини што субвенционира купување на велосипеди. Досега имаме 200 пријави, а купени се околу 50 до 60 велосипеди. Ќе продолжиме и понатаму со оваа мерка за жителите од оваа општина се снабдат со поголем број на велосипеди, со тоа што ќе ја заштитиме и животната средина. Јас им препорачувам на сите граѓани да ги користат што повеќе велосипедите како превозно средство, изјави Лазар Котевски градоначалник на Новаци.

Градоначалникот најави дека во наредниот период жителите ќе добијат и велосипедски патеки, како што веќе тоа го сториле во Мариово. Целта им е како што рече Котевски да направат туристичка промоција на општината. Покрај велосипедската тура беше организирана и едукативна работилница „Битола на точак” како и изложба на стари велосипеди и велосипеди со мотор од Авто етно Музеј Крклино.

-По покана од општината од Авто Музејот од Крклино се изложени стари велосипеди. Тие се историски велосипеди. Некои од нив има и од Втората светска војна, изјави Филип Таневски

Настанот се одржа во рамки на „Културно лето Новаци 2017″ .

Без коментари