Турчин уапсен во Битола за лажни банкноти

0
1433

На 07.11.2017 година од страна на полициски службеници од СВР-Битола бил лишен од слобода 25 годишен државјанин на Турција, а со престој во Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело„фалсификување пари“ по чл.268 од КЗ на Р.Македонија. Имено, истиот заедно со уште едно засега непознато лице во Гостивар заради купување на мобилен телефон, пуштиле во оптег три фалсификувани банкноти од по 100 евра, по што го напуштиле местото на настанот.