Туристички брод исчезна во близина на Малезија

0
351

Малезиски спасувачки екипи почнаа потрага по туристички брод кој алармирал за помош во Јужно Кинеско Море.

Последната врска со бродот била околу 23 часот по локално време, кога бродот се наоѓал во близина на брегот на сојузната држава Сабах, источна Малезија. Потоа врската е изгубена.

На бродот има 12 туристи од Кина, шестмина вработенио во едно од одморалиштата и шестмина членови на екипажот.