Туристичко археолошки водач за Демирхисарско

0
378

40 населени места во Демир Хисар се презентирани во публикацијата Туристичко археолошки водич со 196 археолошки локалитети со што е овозможена претставување на општината која досега археолошки не била доволно истражена.

ljupco

Апелираме до стручната јавност овие туристички локалитети да ги валоризира и да ги ставиме на туристичката мапа на регионот, истакна Љупчо Блажевски градоначалник на Демир Хисар.

Наскоро ќе почне теренско истражување на локалитетот, односно стариот антички град Брианион кој е оддалечен 2 км. североисточно од Демир Хисар, а пронајдените материјали ќе бидат изложени во музејска поставка.

liljana

Лилјана Христова директор на Заводот и музеј Битола рече дека треба оваа општина да се истражи со што многу туристи ќе привлече овој крај.

Издавач на туристичко-археолошкиот водич за Демирхисарско е библиотеката „Алби“ од селото Бабино, и истиот е отпечатен во 1.000 примероци.

stevo

Оваа прва од ваков вид публикација во Македонија ја дава сликата на различни археолошки локалитети распослани по течението на култниот Еригон кого и Хомер го опеал во својата Илијада. Сакаме да го извадиме Демир Хисар од т.н. анонимност и да му го понудиме на научната јавност за да го истражува и проучува, нагласи Стево Степановски, основач на библиотеката „Ал-Би“ и издавач на водичот

 

Во изработката на водичот како стручен консултант беше вклучен археологот Слободан Стојкоски од НУ Завод и Музеј-Битола кој потврди дека публикацијата има популарен осврт во научен контекст, а Република Македонија има стручни ресурси да ги продолжи истражувањата во Демир Хисар.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY