Туристите во Грција со готовина до подобар одмор

0
157

Туризмот е столбот на грчката економија и опфаќа 20% од БДП, а многумина се загрижени какви ќе бидат ефектите од економската криза врз оваа гранка. Се што може Грција и нејзините острови да ги направи помалку атрактивни, може да има застрашувачки ефект, анализираат странските медиуми. Иако рестриктивните мерки воведени во Грција не се однесуваат на туристите, сепак во матичните земји им советувале да понесат доволно готовина.

-Голем проблем е, но ние бевме информирани, ни рекоа колку што можете повеќе готовина.
-Знаев дека ова може да се случи, мислам дека е штета за луѓето во Грција.
-Оваа машина е расипана и не можам да извадам пари.
-Загрижени сме, само што пристигнавме денес и можевме да извадиме кеш од банкомат. Немавме многу пари кога дојдовме, чекавме ред пред банкомат долго време и тогаш можевме да извадиме 200 евра од интернационална картичка.
-Загрижени бевме, знаевме дека нешто ќе се случи, затоа да се осигураме дека се ќе биде во ред, носевме доволно готовина за да ни трае цел одмор.
Повеќето од туристите велат дека не ја почуствувале кризата.
-Сите беа многу пријателски расположени, иако сме Германци. Беа фини, секој беше гостопримлив. Се надеваме дека фериботот ќе се врати, тоа е наша грижа.
-Ако не можам да повлечам пари, тоа може да влијае на мојот одмор, ако постои штрајк тоа може да влијае на мојот одмор, инаку, ако не е нешто како во Париз, тоа е во ред за мене.
Минатата година била рекордна за туризмот во Грција, имала 24 милиони посетители.
-Во јуни, со сите овие случувања имавме пад на резервациите. Но состојбата и понатаму е под контрола. Точно е дека во изминатите неколку дена резервациите се паднати, но не постојат поголеми откажувања, само неколку “, рече претседателот на грчки туристички Конфедерација Андреас Андреадис.
Едно од четири работни места во Грција е зависно од туризмот, а токму оваа гранка е една од оние кои се прошируваат и одат нагоре. Но во Грција се стравува дека туризмот во Грција надолу може да го повлечат штрајковите, продавниците на кои им снемува храна и банкомати кои се празнат.
Според оцената на француската туристичка асоцијација УФР, грчкиот туристички сектор засега ѝ одолева на кризата, а тоа се должи на две појави: првата е падот на туристичките посети во северна Африка, пред сè Египет и Тунис, уште од арапската пролет, а уште повеќе по неодамнешните терористички акции, кои предизвикаа пренасочување на туристите кон грчките дестинации.