Турканици кај пензионерите за дрва за вгодина

0
544

Турканици уште од рано изутрина пред Здружението на пензионери во Битола. Пензионерите чекаат да добијат бројче за да земат дрва за вгодина

-Овде сме уште од 5 часот сабајле, и чекаме за да земеме бројче за да пишеме дрва за вгодина. Незнам зошто не не пуштаат внатре и велат дека нема бројчиња, вели пензионер

-Чекаме подолго време овде никаков ред се нема. Незнам зошто не ни даваат бројчиња, вели пензионер

redici

Од Здружението на пензионери во Битола велат дека за дрва запишуваат секој понеделник, среда и петок и бројчињата ги даваат со почетокот на работното време во 8 часот

-На луѓето им е страв дека ќе нема дрва и затоа се овие гужви денеска. За даб не гарантирам дека ќе има а бука ќе има доволно во текот на целиот месец да можат граѓаните да запишат, изјави Томе Илиоски претседател на Здружение на пензионери во Битолаtome ilioski

 

Граѓаните реагираа и на селективно делење на бројчиња, а пак од Здружението на граѓани го негираат тоа

Здружението на пензионери во Битола брои 17 илјади членови