Турнеја на Солза и смеа низ Македонија

0
226

Човекот има потреба да се смее, само луѓето умеат да си го олеснат животот, смеејќи се.

Oние кои најмногу се препознатливи по комедијата кај нас се драмското студио Солза и смеа кои многу сериозно ја негуваат комедијата како жанр веќе 19 години.

Доказ за успехот на Солза и смеа, се големиот број на награди и признанија низ фестивалите, турнеите, гледаноста на скечевите на Тера телевизија, филмовите, големиот број на посетители на нивните претстави. Изминатиов период Солза и смеа ја имаа својата турнеја низ Македонија со претставата Жена ми се вика Борис.

Solza_I_Smea_-_2.jpg

Во сите градови каде настапуваа салите беа преполни со публика .

Солза и смеа посебно внимаваат на изборот на текстовите, ги прилагодуваат според актуелните проблеми во општеството, обработувајќи ги текстовите на големите мајстори на комедијата .

По враќањето во Битола започнаа со проби за претставата Викенд на мртовци.

Solza_I_Smea_-_3.jpg

Низ Солза и Смеа поминале неколку генерации на актери и режисери кои денес професионална се занимаваат со тоа низ театрите во Македонија и надвор од неа.

Солза и смеа после долгите години постоење, споделување на смеа низ македонија но и надовр од неа,се бренд на Битола, препознатлив насекаде низ светот.

 

Неда Маретиќ