Турска донација за бесплатни курсеви

0
1369

По пауза од две години повторно ќе организира курсеви по турски јазик кои ќе бидат бесплатни и се финансирани од ТИКА во соработка со институтот Јунус Емре од Скопје.

12961452_1100196666710745_7098768254209757_n

„ Битола последните две години немаше курсеви по турски јазик, за жал тропнавме на многу врати но никој не ни излегоа во пресрет. Во Битола нема паралелка на турски јазик повеќе од 12 години и сметам дека овие курсеви кои ќе ги организира нашето здружение се можност за македонците но и за турците кои живеат тука да го научат турскиот литературен јазик и граматиката. Оваа година по 5. пат ќе им овозможиме на сите заинтересирани да го изучуваат турскиот јазик и тоа бесплатно благодарение на поддршката од ТИКА и од Јунус Емре институтот.’ изјави Шенол Мемиш, претседател на македонското – турско здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ од Битола.

На средбата со заинтересираите кандидати за изучување на турскиот јазик и граматика присуствуваа и Реџеп Варол кој е претседател на Балканската федерација на здруженија, но и Фатих Туна претставник од АКП партијата а воедно универзитетски професор на Мармара универзитетот во Истанбул, Турција.

„Сакам да истакнам дека огромно е задоволството што тука во Битола има голем интерес за изучување на турскиот јазик и поради тоа сме денеска тука за да се сретнеме со сите заинтересирани кои сакаат да го изучуваат турскиот јазик и да им кажеме дека тоа ќе се оствари уште од наредната недела ќе биде организиран бесплатен курс по турски јазик во Битола на кој што ќе може да учествува секој што е заинтересиран и сака да го научи турскиот јазик“  изјави Реџеп Варол, претседател на Балканската федерација на здруженија.

Без коментари

LEAVE A REPLY