Турска офанзива против ИД во Сирија

0
230

Со поддршка од борбените авиони на Анти-ИД алијансата, турската армија денеска го гаѓа пограничното место Џараблус, во северна Сирија. Повеќе турски тенкови се пробија на сириска територија, а во Сирија влегоа и припадници на специјалните единици, како и сириски бунтовници, јавуваат агенциите. Според Анкара, акциите се насочени и против курдските милиции.

Целта на офназивата е „да се ослободи општината Џараблус од терористичката организација ИД“, соопшти турската влада. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара сака да им стави крај на проблемите на сириско-турската граница. Офанзивата која почна во раните утрински часови е насочена како против ИД, така и против сирско-курдската Партија на демократска унија (ПИД), рече Ердоган, додавајќи дека од двете „терористички групи“ произлегува опасност за Турција.