Турската крајбрежна стража ги напаѓа бегалците во Егејското Море

0
365

На социјалните мрежи се појави вџашувачка снимка на која се гледа како турската крајбрежна стража ги враќа емигрантите назад на море.

Емигрантите тврдат дека се напаѓани, а членовите на турската крајбрежна стража се бранат со тврдења дека не ги удирале луѓето, туку дека се обидуваат да ги сопрат чамците без кого било да повредат. Турците на сила се обиделе да го сопрат чамецот со неколку десетици емигранти, и го удирале со долги стапови во обид да го расипат моторот.

 „Прво ги удирале со стапови, што не им успеало, па се обиделе со кука долга три метри“, вели директорот на организацијата Мајгрант рипорт Марк Микалеф.

Притоа една жена добила удар во главата, а целиот инцидент траел 40-тина минути.

www.mkd.mk