Турската опозиција ги оспорува резултатите

0
500

Главната опозициска партија во Турција се сомнева во легитимноста на тесниот резултат од вчерашниот референдум, во кој со 51% од гласовите претседателот Реџеп Таип Ердоган доби одобрување за уставните измени со кои ќе се прошират претседателските овластувања.

Републиканската Народна Партија (ЦХП) одбива да ја прифати победата на референдумот на владеачката партија и бара пребројување на 60% од гласовите, пренесува BBC. Тие наведуваат бројни нерегуларности во референдумскиот процес и ја критикуваат одлуката да се регистрираат гласачките ливчиња без печати како валидни, додека не се докаже спротивното.

Претседателот Ердоган, најавите за оспорување на референдумскиот исход од страна на опозицијата ги нарече „залудни“.

Трите најголеми турски градови – Истанбул, Анкара и Измир – гласаа „Не“ за уставните измени предложени од партијата на Ердоган.