Турската опозиција го обвинува Ердоган дека сака да изведе ‘цивилен пуч’

0
267

Челникот на главната опозициска партија во Турција го обвини во неделата претседателот Реџеп Тајип Ердоган дека подготвува „цивилен државен удар“, по неуспешните преговори за формирање коалициска влада што создаде услови за распишување предвремени парламентарни избори.

„Соочени сме со цивилен државен удар“, изјави лидерот на најголемата опозициска партија Републиканската народна партија (социјалдемократи – CHP), Кемал Киличдароглу, алудирајќи на трите воени државни удара во бурната турска историја, од 1960, во 1971 и во 1980 година.

„Во Турција во овој момент не се почитува ниеден закон, демократијата е суспендирана, како и уставот“, додаде на Киличдароглу на прес-конференцијата во партиското седиште во Анкара, пренесува телевизиски.

Републиканската народна партија (CHP) смета дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган намерно ги поткопал коалициските преговори за да се оди на предвремен избори, надевајќи се дека ќе оствари подобар резултат од оној на 7-ми јуни годинава кога неговата Партија на правдата и развојот (AKP) првпат од 2002 година не успеа да освои апсолутно мнозинство и самата да состави влада.

Ердоган претходно седмицава ги распиша предвремените парламентарни избор за 1-ви ноември.

Турските социјалдемократи тврдат дека биле подготвени на коалиција со владејачката АКР, под услов во земјата да бидат спроведени три големи промени, и тоа во областа на надворешната политика, која „доживеа свртување за 180 степени“, во економијата која има „големи проблеми“, и во образовниот систем „со кој не е задоволен ниеден родител“.

Од CHP, исто така, го обвинуваат Ердоган дека го прекршил уставот ускратувајќи има ја можноста да формираат коалициска влада, па и со другите две опозицски партии. Ердоган тоа не го признава, и притоа одбива да се сретне со Киличдароглу.

„Од 7-ми јуни, не го прекршивме ниту уставот, ниту важечките закони и нацијата е сведок за тоа“, изјави во неделата турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој откако Ердоган стана претседател го замени и на премиерската и на челната позиција во АКР.

Без коментари

LEAVE A REPLY