Турската полиција изврши рација во опозициска ТВ-станица пред изборите, тепачки со демонстрантите

0
2587

Полицијата во Турција упаднала во канцелариите на една опозициска телевизиска станица неколку дена пред во земјата да се одржат избори. Медиумот е поврзан со исламскиот проповедник-противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Инцидентот се случил пред канцелариите на Каналтурк и Бугун ТВ во Истанбул, а снимката била пренесувана во живо на веб-сајтот на Бугун.

Пред канцелариите дошло до големи тепачки, каде што исто така имало големо полициско присуство. Полицијата користела лут спреј против оние што се обиделе да ѝ го блокираат патот низ портата и кон зградата.

По тепачките, десетици полицајци на крај се пробиле низ толпата и влегле во зградата. Полицијата користела и водени топови против демонстрантите.

Без коментари

LEAVE A REPLY