Турската полиција конфискува 147 килограми хашиш

0
463

Турската полиција откри и конфискува 147 килограми хашиш. Дрогата била скриена во гумите на камион, а возачот е приведен.

Камионот сообраќал од јужниот град Адана кон Мерсин, а полициската проверка била извршена во градот Сарачам.

Полицијата не открила ништо, но специјално обучено куче почнало да лае пред гумите на камионот. Во четири гуми биле откриени вкупно 147 килограми хашиш.