Турската полиција притвори 12 академици

0
339

Турската полиција притвори 12 од над 1.000 академици кои потпишаа декларација со која се осудува воената операција против курските бунтовници во југоистична Турција.

Притворените академици се предавачи на Универзитетот Кочаели, северозападна Турција. Според турските медиуми полицијата планира апсење на уште девет академици од истиот Универзитет.
Обвинителите вчера покренаа истрага против академиците поради можни обвиненија за навреда на државата и покренување тероиристичка пропаганда во корист на Курдската работничка партија.