Турската полиција со солзавец против геј парадата во Истанбул

0
381

Неколку десетици луѓе се собрале во неделата во Истанбул во поддршка на ЛГБТИ заедницата и покрај забраната од турската влада по што полицијата употребила солзавец и гумени куршуми за да ги растера. Гувернерот на Истанбул годинава забрани две паради на припадниците на ЛГБТИ заедницата од безбедносни причини. Во текот на минатата година во Истанбул беа изведени неколку бомбашки напади, вклучувајќи и два самоубиствени врз туристи.