Турската војска убила 70 членови на ПКК

0
301

Во акција на турската војска на југоистокот на Турција во последните четири дена убиени се 70 членови на Курдска работничка партија ПКК) , соопштија денеска турските власти. Турската војска од вчера започна напади на упориштата на Работничката курдска партија и на северот од земјата. Бомбардирани се нивните скривалишта и складиштата со оружје. Операцијата на турската војска започна во средата, а во неа учествуваат 10 илјади војници и полицајци. По две години затишје, минатото лето беа обновени судирите меѓу турските сили и членовите на Курдската работничка партија.