Турската војска влезе во Ирак

0
387

Турција испрати неколку стотици свои војници во Ирак во близина на Мосул, кој е под контрола на Исламска држава, потврдија синоќа турски воени извори, а ирачката влада денес побара нивно итно повлекување бидејќи го кршат суверенитетот на таа земја во која влегле без согласност или барање на Багдад.

Американски воени функционери, кои останале анонимни, вчера изјавиле дека на САД им е познато дека турски сили влегле во Ирак, но порачале дека тоа нема никаква врска со дејствувањето на коалициските сили предводени од САД.

Високорангиран турски државник изјавил дека тие војници се на северот на Ирак за да ги обучуваат пашмергите за борба. Турција има тесни врски со автономната курдска покраина на северот на Ирак иако ги смета сириските курдски групи од другата страна на границата за непријатели.

Ирачките власти денес порачаа дека влегувањето на „еден вооружен батаљон“ на турските сили на северот на Ирак е нарушување на ирачкиот суверенитет и повикаа на нивно моментално повлекување, според кабинетот на ирачкиот премиер. Извори од претседателскиот кабинет истакнаа дека војниците влегле во Ирак без дозвола или барање од ирачките власти.

Ирачкото министерство за надворешни работи во соопштението ги опишало турските активности како „упад“ и се спротивставило на какви било воени операции кои не се договорени со властите во Багдад.

Без коментари

LEAVE A REPLY