Турски авиони гранатираа цели на ПКК

0
598

Турски воени авиони гранатираа синоќа позиции на Курдската работничка партија во северен Ирак, соопшти турската армија.

Нападите биле врз цели во регионот Зап и извршени неколку часа откако крило на ПКК презеде одговорност за терористичките напади во саботата извршени во Истанбул во кои загинаа 38 луѓе и беа ранети 155.

Припадници на ПКК се базирани во планини во северен Ирак и редовно се цели на напади на турски воени авиони откако во јули минатата година престана да се почитува прекинот на огнот кој траеше две години. Повеќе од 40 илјади луѓе се убиени во конфликтот што трае веќе три децении меѓу кои и неколку илјади по обновата на нападите од лани.

Без коментари

LEAVE A REPLY