Турски ден во Бар чаршија

0
735

Во Бар чаршија се одржа турски ден, настан за презентација на турската култура и традиција преку музика и дегустација на турски специјалитети.

Во рамките на овој проект на невладината Сфера, поддржан од Еразмус плус, два месеци во Битола престојуваат волонтери од Турција.

Сфера Македонија во текот на една година испраќа околу 250 до 300 млади луѓе од нашата општина на младински размени во европските држави, а во оваа година, овие бројки значително се зголемени со зголемувањето на обемот на работа на оваа организација. Како најбарани земји за младинска размена се Франција, Германија, Шпанија, Италија, но исто така и Полска, Чешка и Романија.
Како дел од проектите на Сфера, се и справување со проблемите на сиромаштијата и невработеноста, развој на лидерски вештини и демократијата кај младите, пожари и заштита на животната средина и образованието, организирање на обуки, работилници и кампови на национално и меѓународно ниво, вмрежување со национални и меѓународни организации и мрежи.