Турски патнички авион пренасочен во Канада по закaна со бомба

0
285

Авион на турската воздухопловна компанија „Turkish Airlines“ со 256 патници и членови на екипажот на летот од Њујорк за Истанбул, беше пренасочен кон Халифакс во Канада, по дојава за закана со бомба, објави во неделата канадската полиција.

Авионот безбедно слетал на аеродромот „Стенфилд“ и полициските екипи започнале со пребарување на експлозивна направа со помош на специјално обучени кучиња трагачи, објави канадската полиција Royal Canadian Mounted Police (RCMP).

„Истрагата е во рана фаза. Во потрага сме да се утврди потеклото на заканата и да се идентификуваат лицето или лицата одговорни за тоа “, пишува во последната порака на Twitter на акаунтот на RCMP.

Во соопштението на канадската полиција се додава дека детално ќе биде проверуван багажот и товарот во авионот.

Властите ја примиле заканата за поставена бомба во авионот во неделата утрото околу 3 часот по средноевропско време. Заканата дојде откако воздухопловните власти го подигнаа нивото на готовност од можни терористички напади по париските напади од 13-ти ноември, и откако руските власти потврдија дека патничкиот авион со 224 луѓе кој се урна на 31-во октомври во Египет бил соборен со подметната бомба, за што одговорноста на презема терористичката организација Исламска држава./крај/мф/сн