Турски патнички авион принудно слета во Варшава

0
372

Портпаролот на меѓународниот аеродром во Варшава соопшти дека патнички авион Боинг 777-300 на компанијата „Туркиш ерлајнс“ со 332 патници и членови на екипажот денеска принудно слетал на нивниот аеродром, пренесоа американските медиуми.

Тој изјави дека патниците биле евакуирани на аеродормот „Фредерик Шопен“, а персоналот на аеродромот го проверува авионот.

Портпаролот не прецизираше што го предизвикало принудното слетување на авионот, што летал од Истанбул за Сан Франциско.