„Турски поток“ до Унгарија преку Бугарија и Србија

0
554

Будимпешта и „Гаспром“ го потпишаа договорот за продолжување на гасоводот „Турски поток“ преку териториите на Бугарија и Србија до Унгарија.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијатро, рекол дека одобрената траса е подобро решение од трасата која требало да оди преку Романија и Хрватска, пренесе „Спутњик“. Во овој момент се планира Унгарија да се приклучи на гасоводот до крајот на 2019 година.

„Очекувањата се дека новиот гасовод за транспорт на природен гас до Унгарија да биде завршен до крајот на 2019 година“, рекол Сијатро, дополнувајќи дека Бугарија и Србија веќе ги потпишале договорите кои се потребни за отпочнување на градежните работи.

http://makfax.com.mk