Турските и Холандските туристи најбројни во Битола

0
812

Сведоци сме на колона од туристи кои што ги среќаваме по Широк Сокак, повеќе во лето, помалку во зима, меѓутоа постојано ги има, тоа го потврдуваат и од Завод и музеј. Од таму според посетеноста велат дека најмногубројни се Турците, а на второ место се Холанѓаните.
Исто така во летниот период е времето доаѓаат голем број на туристи од дијаспората.

Додека македонските државјани внимателно ги одбираат туристичките дестинации за патување во странство, посетата на странски туристи во Македонија за овој период од годината е поголема од лани.

Македонската туристичка понуда е атрактивна за домашните, а особено е специфична за странските туристи.

Според заводот за статистика во Македонија во јуни годинава имало 84.778 туристи кои оствариле 197.016 ноќевања, што е за 18 % повеќе туристи и за 14 % повеќе ноќевања во споредба со јуни месец минатата година.

Што значи дека бројот на туристи во јуни годинава во однос на јули лани е зголемен, аналогно на тоа и бројот на ноќевања пораснал .

Според заводот за статистика и на ниво на Македонија најмногу туристи имало од Турција, 10.818. Истиот месец имало над 5000 Срби и над 3000 Бугари во посета на земјава. Бројот на грчки туристи е помал од 3000, а Македонија ја посетиле и над 2000 Романци и Полјаци.

Во периодот јануари – јуни 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 11.4%, а кај странските има зголемување за 13.1%.

Во периодот јануари – јуни 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9%, а кај странските има зголемување за 14%.

Без коментари