Турските сили ја блокираа базата Инџирлик по сомневања за нов пуч

0
850

Околу седум илјади турски специјалци ги блокирале приодите и ја опколиле воздухопловната база Инџирлик, во јужниот дел на земјата, поради шпекулации за втор обид за воен удар во земјата, објави весникот Hürriyet.

Како што пишува весникот, текот на операцијата многу потсетувал на активностите на армијата на 15-ти јули, кога ноќта се одвиваше неуспешниот обид за државен удар. Според информации од полициски извори, операцијата траела два и пол часа.

Министерот на европски работи, Омер Челик, нa Twitter објави дека блокирањето на базата било дел од „целокупната безбедносна процена, не постојат никакви проблеми“.

Според непотврдени информации, безбедносните сили ги блокирале сите влезови и излези од воздухопловната база, поради слуховите за нов обид за државен удар. Пристапот кон базата бил блокиран околу 23 часот ноќта во саботата.

Два дена по неуспешниот обид за пуч, беше објавено дека под обвинување за учество во обидот за соборување на власта во Турција е уапсен командантот на воздухопловната база „Инџирлик“, генералот Бекир Ерџан Ван заедно со уште десет офицери, која ја користат и авионите на НАТО и земјите од коалицијата предводена од САД во борбата против џихадистичката група Исламска држава во Сирија и во Ирак, на која беа запрени сите операции во петокот на 15-ти јули вечерта, со појаснување поради безбедносни причини.