Турското музичко училиште Мимар Синан со концерт во Битола

0
291

Државното музичко училиште од Битола потпиша меморандум за соработка со Музичкото училиште „МИМАР СИНАН ” од Истанбул- Турција, пред две години.
Во контекст на таа соработка битолското училиште беше домаќин на средното музичко училиште од Истанбул и одржаа заеднички концерт.

За директорот на турското училиште Озман Босали, ова е соработка која е многу значајна и која уште долго ќе трае.

Како институција со високи професионални квалитети, музичкото училиште од Битола, активно е вклучено во културното живеење на градот и регионот, учествувајки на концерти по повод отворање на изложби, литературни презентации, соработка со други институции и здруженија, хуманитарни концерти и секако со фестивалот на класична музика „Интерфест – Битола”.
Овој концерт беше во рамките на одбележување 70 години Музичкл училиште Битола.