Турција ги потврди симултаните напади врз IS и PKK

0
315

Турција во саботата потврди дека изминатата ноќ извела симултани воздушни напад врз позицијата на сунитските џихадисти од Исламската држава (IS), како и врз позициите на Работничката партија на Курдистан (PKK) во Ирак, се вели во соопштението кое го објави кабинетот на премиерот Ахмет Давутоглу.
„Нападите се изведени врз цели на терористичката група DAESH (арапски за Исламската држава – IS) и терористичката група Работничка партија на Курдистан (PKK)“, се вели во текстот објавен на интернет страницата на турскиот премиер во саботата утрото. Не се прецизира колку цели се нападнати, но се вели дека меѓу целите на PKK биле „засолништа, хангари, пештери и места на кои се чува муниција“.

Премиерот Ахмет Давутоглу изјави во соопштението дека нападите се дел од процесот против милитантите, како и дека Турција ќе преземе натамошни мерки за да ја заштити својата безбедност.

Долго критикувана поради инертноста во справувањето со Исламската држава и другите исламистички радикални сунитски групи кои во Сирија војуваат против владата која ја предводи шиитскиот претседател Башар ал-Асад, Турција, по неколку напади на џихадистите на нејзината територија, Турција во договор со САД ги изведе првите воздушни удари на сириска територија без координација со Дамаск.

Сириската влада предупреди дека турските напади не се легални, а во регионот се стравува дека може да се претворат во напади врз сириските владини сили, што ќе одведе до нова ескалација во регионот.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во петокот дека Анкара им дала дозвола на САД да изведуваат напади врз џихадистите во Сирија и во Ирак од неколку нејзини бази, вклучително и најголемата „Инџирлик“./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY