Турција го блокирала пристапот до „Википедија“

0
350

Пристапот во Турција до електронската енциклопедија „Википедија“ бил блокиран поради содржината на сајтот, што според Анкара е дел од координирана клеветничка кампања, изјави во саботата Министерството за транспорт, навигација и комуникации, пренесува агенцијата Анадолија

Во соопштението на Министерството, се вели дека во некои коментари и статии на „Википедија“, Турција е прикажана како соработник со различни терористички групи.

„Наместо да има соработка против тероризмот, тој станал дел од информативен извор кој води хајка против Турција на меѓународната сцена“, изјавија од министерството.

Во соопштението се наведува дека Анкара побарала од енциклопедијата да ги отстрани навредливите за неа содржина, но од таму одбиле.

Се додава исто така и дека забраната ќе биде укината кога „Википедија“ ќе се усогласи со турските услови.