Турција го укина визниот режим за европските граѓани

0
372

Турција го укина визниот режим за граѓаните на Европската унија. Одлуката беше објавена во Resmi Gazete.

Мерката стапува во сила истовремено со обезбедување на права за безвизно патување во Шенген зоната за турските државјани. Решението е донесено врз основа на Законот за странците и меѓународната заштита.

Укинувањето на безвизниот режим за земјата е дел од договорот со Европската унија, склучен во месец март.

На 4 мај Европската комисија ќе го претстави третиот извештај за прогресот на визна либерализација. Ако тој биде одобрен може да биде препорачано укинување на визите, а Турција треба да го започне спроведувањето на 72 поени со барања на ЕУ.