Турција и Србија се клучни земји на Балканот

0
220

Турција и Србија се две клучни земји на Балканот и нивната соработка е од суштинско значење за одржување на стабилноста, мирот и просперитетот на Балканот и пошироко во Европа, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

 

На прес-конференција по состанокот со турскиот премиер, Реџеп Таип
Ердоган, шефот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека се надева дека билатералните односи помеѓу Белград и Анкара ќе се подобрат во иднина, објави Б92.

„Ние не сме во 1389 година, како што некои мислат, веќе е 2017-та. Сакаме најдобри можни односи со Турција, тие се важни за српските интереси и иднина“, рече Вучиќ.

За возврат, Ердоган истакна дека секогаш ќе има некои што го критикуваат зајакнувањето на пријателството помеѓу двете страни, но тие не треба да бидат фактор што ќе го попречи зајакнувањето на билатералните врски.

„Ние нема да гледаме кој што зборува, што коментира. По тежок период, стигнавме до позицијата, во која што сме сега. Сакаме да направиме големи чекори со Србија, но и со сите балкански држави, за да ги решиме проблемите“, рече Ердоган, додавајќи дека за таа цел е потребно „заедничко работење“.