Турција испратила дополнителни 20 тенка на сириската граница

0
339

Турската војска префрлила кон границата со Сирија од западните делови на земјата дополнително количество од 20 тенкови, пренесе агенцијата Anadolu.

„Дваесет тенкови стационирани во западните провинции на Турција, беа испратени со железница во Газиантеп во јужниот дел од земјата, од каде што тие во придружба на полицијата и жандармеријата беа насочени кон сириската граница“, се наведува во извештајот на неименуваниот соговорник на агенцијата.

Информацијата не беше официјално коментирана од владата или министерството за одбрана./крај/мф/сн