Турција јави за нов руски упад во нејзиниот воздушен простор

0
263

Претставник на турското министерство за надворешни работи изјавил дека руски борбен авиони го нарушил турскиот воздушен просто во неделата, што е вторпат за последните три дена.

Како што пренесува агенцијата Reuters во вторникот, Анкара уште еднаш го повикала рускиот амбасадор да даде појаснување.

Министерството за надворешни работи на Турција претходно соопшти дека руски воен авион го нарушил турскиот воздушен простор од страна на Сирија во регионот Јајладаги во покраината Хатај. Според руската амбасада во Турција, неопходните појаснувања за овој инцидент биле дадени од страна на турската амбасада во Москва.

Од своја шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу, остро осудувајќи го нарушувањето на воздушниот простор на неговата земја изјави дека добил ветување од Москва дека таков инцидент нема да се повтори, како и дека тој се случил „по грешка“.

Руското министерство во врска со инцидентот објави дека „рускиот авион од типот Су-30 накусо, на неколку секунди“ навлезе во турскиот воздушен простор. Тоа било „резултат на метеоролошките прилики во таа зона. Во тоа не треба да се гледа никаков заговор“, порача Москва.

Претходно во изјава на турскиот Генералштаб беше наведено дека авион од типот „МиГ-29“, за кој не е утврдено кому припаѓа а го поседуваат и руската и сириската армија, следел и провоцирал во неделата два турски авиона од типот „F-16“ насочувајќи ги кон нив проектилите по должината на труско-сириската граница.

Портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков изјави дека руското воено воздухопловство нема никаква врска со овој инцидент, истакнувајќи во составот на руските воздухопловни сили во Сирија „авиони од тој тип во воздухопловната база Хмејмим нема“.

Белата куќа, пак, ноќта кон вторникот објави дека САД и нивните сојузници се „многу загрижени“ поради руското влегување во турскиот воздушен простор, и покрај појаснувањето од Москва. Портпаролот на администрацијата на американскиот претседател, Џош Ернесет, изјави дека „нема знаци дека Русија ја променила стратегијата“ во врска со воените операции во Сирија. Додаде дека „резултатот од таа кампања ќе биде само одложување на политичката транзиција во таа земја за којашто се залагаат САД“./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY