Турција ќе депортира холандски крави

0
578

Турското здружение на произведувачи на црвено месо наредило пратка врвни грла холанско говедо да се врати назад во Холандија бидејќи повеќе не ги сакаат поради дипломатскиот судир меѓу двете земји.

Булент Тунч, претседателот на здружението, соопшти дека 40 грла фризиско говедо холстин веќе се спремаат за да отпатуваат назад за Холандија од млечниот погон во провинцијата Чанаккале, пренесуваат турските медиуми.

„Холандските крави станаа прилично популарни во нашата земја. Но, тоа почнува да прави сериозни проблеми. Во иднина не сакаме животински производи од Холандија. Првата пратка говеда е натоварена и ќе биде испратена назад“, изјави Тунч за агенцијата Анадолија.

„Имаме наши квалитетни говеда“, додаде Тунч, сугерирајќи дека нема сѐ да остане на симболичното враќање на 40-те крави

mkd.mk