Турција ќе ѝ го предаде на Русија телото на загинатиот пилот

0
368

Анкара ќе ѝ го предаде на Москва телото на пилотот кој загина кога Турција го собори рускиот воен авион. Турскиот премиер Ахмед Давутоглу изјави дека телото на пилотот било донесено во граничната провинција Хатај по „иницијатива на Турција“.

Пред да замине на Самитот ЕУ-Турција во Брисел, Давутоглу нагласи дека по барање на Москва телото на загинатиот пилот ќе и биде предадено на Русија.

– Со телото се постапува во согласност со православните обичаи, посочи Давутоглу.