Турција ќе зажали за соборениот руски авион

0
364

Со минута молчење во знак на почит кон загинатите руски воени пилоти,  во Кремељ започна редовното годишно обраќање до нацијата на шефот на Руската Федерација, Владимир Путин. Русија нема да се впушти во воено тропање со оружје, истакна Путин, но нема да го заборави злосторството и Турција ќе зажали.

Повеќе од се бевме подготвени деа соработуваме со Турција за најчувствителните прашања за нив. Бевме подготвени да одиме многу подалеку од нивните сојузници кои не сакаа. Само Алах може да знае зошто го сторија тоа. Алах одлучи да го казни турските лидери одземајќи им го умот и расудувањето,остро подвлече Путин.

Убиството на пилотите, Москва и Русија никогаш нема да ги заборават, рече Путин, нагласувајќи дека Турција постојано ќе биде потсетувана за крвничкото дело.

Ако некој мисли дека откако ќе изврши подло воено злосторство, убивајќи наши луѓе и дека ќе мине само со забранет увоз на домати и санкции во градежништвото и идустријата, тогаш е во длабока заблуда, рече рускиот претседател.