Турција: Наредба за апсење на 70 поранешни службеници во Министерството за финансии поради врски со Ѓулен

0
288

Турските власти издадоа наредба за апсење на 70 поранешни вработени во Министерството за финансии поради осомниченост за врски со обидот за преврат од јули минатата година, јави турскиот телевизиски канал Си-Ен-Ен Турк.

Турција го обвинува исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен за организирање на обидот за преврат. Ѓулен ги демантира тие обвиненија.

Околу 150 илјади лица се отпуштени или времено отстранети од работи во државниот и приватниот сектор, а над 50 илјади лица беа приведени поради осомниченост за поврзаност со обидот за преврат.

Масовната чистка предизвика незадоволство на организациите за заштита на човековите права и западните сојузници на Турција, кои стравуваат дека Владата го користи обидот за преврат за да ги задуши сите оние кои не се нејзини истомисленици.

Турската Влада сепак тврди дека чистката е оправдана од сериозноста на заканите за државата.

http://www.alsat-m.tv

Без коментари