Турција негира дека нејзини војници влегле во Сирија

0
346

Турција ги дематираше извештаите дека нејзини војници влегле во Сирија, објави државната новинска агенција Анадолу и додаде дека земјата не планира да распореди копнени сили таму.

Министерот за одбрана Исмет Јилмаз пред парламентарната комисија истакна дека не се разгледува можноста за распоредување на војници во Сирија.

Во писмена жалба до ОН, Сирија претходно ја обвини Турција дека дозволила околу 100 “турски војници или платеници” да преминат во Сирија.

Сириските власти ги повикаа ОН да преземат акција против турското бомбардирање во северниот дел на Сирија, нарекувајќи го самиот чин повреда на суверенитетот.