Турција нема брзо да влезе во ЕУ

0
333

Турција нема наскоро да влезе во Европската Унија, а преговорите за нејзиното пристапување веднаш ќе бидат прекинати ако одлучи повторно да ја воведе смртната казна, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

По неуспешниот воен удар, околу 60.000 турски војници, полицајци, судии, професори и јавни службеници се под истрага или се суспендирани или притворени.

„Сметам дека Турција, во сегашната состојба, не е во позиција наскоро, но и на долг рок, да стане членка на ЕУ“, рече Јункер за француската телевизија Франс 2, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека за земја што во своето законодавство ја воведува смртната казна нема место во Европската Унија.