Турција ни заби нож во грб

0
1064

Турција собори руски борбен авион, предизвикувајќи криза за која одамна постојат стравувања дека ќе се случи во сириската граѓанска војна, а ова е прв случај членка на НАТО да собори руски авион во изминативе 50 години.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека постапката на Турција е “забивање нож во грб од соучесниците на терористите” и предупреди дека ќе има “значителни последици”. На барање на Турција Советот на НАТО свика вонредна средба.