Турција објави крај на операциите против ПКК во два погранични реони

0
328

Турските безбедносни сили синоќа објавија крај на воените операции против припадниците на Курдската работничка партија (ПКК) во реоните на градовите Нусајбин, близу границата со Сирија, и Шарнак, крај турско-ирачката граница, јави агенцијата Анадолија,

Овие два реони, во кој мнозинството на жителите се Курди, изминатава година беа зафатени со најжестоки судири меѓу турските безбедносни сили и борците на ПКК во последниве две децении.

Судирите избувнаа во јули минатата година откако ПКК објави крај на двегодишниот прекин на огнот, по што кон средината на март турската армија ја започна обемната операција, чиј крај беше објавен синоќа,

Според податоците на турските сили, за време на операцијата во реонот на Нусајбин биле убиени 496 припадници на ПКК, додека на подрачјето на Шарнак животите ги загубиле 498 курдски борци.

Во исто време, загинале и 50 турски војници.

Во текот на операцијата во последниве три месеци, турските сили урна стотици барикади и ровови на курдските борци, а тврдат и дека отстраниле близу 2.800 поставени експлозивни направи. /МИА