Турција обвини двајца британски новинари за тероризам

0
2542

Турски суд одредби притвор за двајца британски новинари на медиумот Vice News уапсени минатата седмици, обвинувајќи ги за терористички активности.

Двајцата новинари и нивниот ирачки преведувач се обвинети дека учествувале во терористички активност во полза на терористичката организација Исламска држава. Ослободен е четвртиот приведен, возачот на новинарите.

Тројцата мажи во затвор го очекуваат почетокот на процесот. Не се познати детали за нивните наводни врски со џихадистите, пишува AFP.

Според некои информации, полицијата ги уапсила новинарите по информациите за нивното присуство во областа во којашто се најинтензивни судирите меѓу турските безбедносни сили и герилците на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK). Новинарите ги отфрлиле обвинувањата.

Vice News, информативен канал на интернет со седиште во САД, ги идентификуваше новинарите како Џејк Ханрахан и Филип Пендлбери. Медиумот во соопштението наведе дека биле уапсени бидејќи снимале без владино одобрување, а подоцна се обвинети поради поддршката на Исламската држава./крај/мф/сн