Турција очекува прилив од еден милион бегалци по руските напади во Сирија

0
335

Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш изјави дека руските воздушни напади во Сирија, кои го нарушиле балансот на силите во густо населените региони, ќе доведат до масовен прилив на сириски бегалци во Турција, при што нивниот број може да достигне еден милион лица.

– Западниот дел на Сирија е регион со најголем број жители, истакна Куртулмаш, посочувајќи дека таму се наоѓаат градовите Дамаск, Хомс, Хама, Алепо и Латакија.

Тој нагласил дека во моментов таму има баланс на силите и се води многустрана граѓанска војна.
Според него, секоја дополнителна интервенција таму, особено интервенцијата на Русија и нејзините бомбардирања на позиции на умерените претставници на опозицијата, ќе го зајакнат режимот.

Без коментари

LEAVE A REPLY