Турција пред историски референдум

0
468

Иднината на Европа зависи од Турците кои живеат во европските земји, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на митинг во пресрет на референдумот за уставни измени, со кои тој би добил поголеми овластувања.

– Пет милиони наши браќа од Турција се населија во Европа и тие ќе ја креираат нејзината иднина, рече Ердоган во обраќањето пред неговите приврзаници,

Како што јави агенцијата Анадолија, Ердоган нагласи дека „шминката од лицето на Европа се избришала и таа сега покажала дека е антиисламска и дека е нетолерантна кон муслиманите“.

Тој додаде дека „некои европски држави“, кои одбија да им дозволат на турските министри да држат митинзи на нивна територија во престет на референдумот, „ги отвориле вратите за членови на терористички групи против кои се бори Туцрија“.