Турција пресилна за македонските кошаркари

0
378

Кошаркарската репрезентација на Македонија забележа убедлив пораз од Турција од 68:85 (20:22, 20:29, 14:19, 15:14) на турнирот во Каунас, Литванија. По серијата од четири победи во подготвителниот период, македонските кошаркари го запишаа вториот пораз, откако во вторникот беа поразени од Литванија. Најефикасен во македонскиот тим беше Хендрикс со 18 поени, Илиевски постигна 12, додека Турција ја предводеше играчот кој е роден во Охрид, Чеди Осман, кој постигна 24 поени. По турнирот во Каунас најдобрите македонски кошаркари се селат во Мадрид каде од 22 до 25 август ќе одиграат два меча против Шпанија.

Без коментари

LEAVE A REPLY