Турција со хеликоптери против Курдите

0
274

Тројца турски војници и четворица курдски бунтовници загинаа денеска во судири во југоисточната провинција Хакари во која турската полиција спроведува безбедносни операции со помош на хеликоптери, јавија безбедносни извори.

Исто така, тројца турски војници се повредени во судирите во селото Агаџдиби, околу 20 километри јужно од провинцијата Хакари, која се граничи со Ирак и Иран. Во тек е операција за апсење на милитантите, велат изворите, пренесе Ројтерс.

Во провинцијата Сирнак, која се граничи со Ирак, неколку турски воени хеликоптери бомбардирале цели на Курдистанската работничка партија (ПКК) во близина на планините Џуди и Габар, помагајќи им на копнените војници да ги вршат активностите во оваа област.