Турција собори „ничиј“ дрон, Американците тврдат дека е руски, Москва негира

0
222

Турски воени авиони денес во својот воздушен простор, во близина на сириската граница, соборија беспилотно летало, за кое сѐ уште не се знае кому му припаѓа, изјави претставник на турската влада за Ројтерс.

Турската војска претходно соопшти дека соборила неидентификувано летало, која го нарушила воздушниот простор, по испратени три предупредувања. Во соопштението се истакнува дека леталото било соборено во согласност со правилата за ангажман на НАТО. Војската не соопшти дали станува збор за авион или дрон.

Турски медиуми објавија фотографии од дронот, кој паднал три километри во турската територија.

Сите руски борбени авиони се вратија во базата во Латакија, а беспилотните летала ги исполнуваат своите мисии според планот, соопшти руското министерство за одбрана.

Руското министерство го објави соопштението по обвинувањата на Вашингтон дека дронот урнат од турската војска е руски. Анонимен претставник на американската војска за Ројтерс изјавил дека беспилотното летало е руско, одбивајќи да дава детали бидејќи информациите што ги добиле биле „првични“.

 Дел од турските медиуми јавија дека урнатиот дрон е „орлан-10“ од руско производство, но компанијата Текнолоџикал сентер од Санкт Петербург соопшти дека леталото на фотографиите објавени на социјалните мрежи не е нивно.
www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY