Турција спречи 350 мигранти да стигнат до Грција

0
226

Турската крајбрежна стража запре денеска 350 илегални имигранти главно од Мјанмар, кои со пет бродови тргнале кон грчкиот остров Лезбос.

Властите ги пресретнал бродовите недалеку од градот Дикили во провинцијата Измир и ги вратија имигрантите на брегот, каде што ги предале на полицијата.

Станува збор за припадници на народот Рохинги, муслиманско малцинство во Мјанмар, кои тврдат дека во земјата се загрозени поради верската припадност, како и оти бегаат од сиромаштија и други опасности.