Турција: уапсени осомничени членови на ИСИС, подготвувале напад

0
378

Турските власти денеска соопштија дека уапсиле шест лица осомничени дека се припадници на Исламска држава што планирале да изведуваат напади во градот Коња во централна Турција, пренесе Ројтерс.

Локалниот гувернер Муамер Ерол соопшти дека шест странски државјани се уапсени синоќа во Коња, додавајќи дека групата подготвувала напади врз „стратегиски“ локации во градот.

Агенцијата потсетува дека од јули минатата година во Турција имало шест бомбашки напади, од кои за четири се обвинети припадници на Исламска држава.

Без коментари

LEAVE A REPLY