Турција ветува одмазда за смртоносниот бомбашки напад

0
317

Турција вети дека ќе им се одмазди на сторителите на силната експлозија во главниот град Анкара, во која загинаа најмалку 28 лица, а 61 беа повредени.

“Турција нема да се двоуми да го користи правото на самоодбрана во било кое време, било кое место, или прилика”, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Официјалните лица изјавија дека возило полно со експлозиви било детонирано кога поминувале автобуси на војската.

Нападот се случи во средата. Погребите треба да се одржат денес попладне.

Досега ниту една група не презеде одговорност за нападот.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY