Турција воведе визи за Сиријците

0
389

Владата во Анкара воведе во петокот визи за Сиријците кои доаѓаат во Турција со авион или брод за да го сопре приливот на мигранти од државата која е разрушена со војната.

Турското министерство за надворешни работи соопшти дека целта на новите прописи ќе го намали бројот на Сиријци кои влегуваат во Турција индиректно од трети држави како Либан и Египет.

Многу бегалци се обидуваат да влезат во Турција од овие држави со цел да го продолжат патот кон Европската унија. UNHCR соопшти дека 800.000 лица допатуваа со бродови во Грција од Турција во 2015 година, од кои повеќето се Сиријци.

Сиријците кои пристигнуваат во Турција директно од Сирија и натаму се добредојдени како бегалци, рече портпаролката на министерството истакнувајќи дека Анкара ќе ја задржи политиката на отворени врати.

Меѓутоа, активистите за човекови права се жалат дека стварноста на теренот е многу поинаква. Турските погранични  сили ги враќаат бегалците назад во Сирија.